Snapchat е популарна апликација за споделување на фотографии и е проценета на скоро 15 милијарди долари, што ја чини за една од највредните стартапи на светот.
CEO на Snapchat е 24-годишниот Evan Spiegel, кој Forbes го прогласи за најмлад милијардер со богатство од 1,5 милијарди долари. Студирал на престижниот Stanford, но го напуштил факултетот само неколку испити пред да дипломира за да може целосно да се посвети на својот Snapchat.
Денес живее лагоден живот, ужива во скапоцени автомобили, а во ноември минатата година купил куќа во квартот Brentwood во Лос Анѓелес за 3,3 милиони долари. Свесен е дека во животот имал среќа и тоа отворено го признава.
“Јас сум млад и образован маж. Навистина ми се посреќи. И животот не е фер”, заклучил иронично најмладиот милијардер на светот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град