Најмалку 10 лица загинаа во две експлозии во метрото во рускиот град Санкт Петербург, објави државната агенција ТАСС.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека претседателот Владимир Путин бил свесен за извештаите за експлозиите, објави државната ТВ Русија 24.
Сите можни причини за експлозијата во метрото во Санкт Петербург се истражуваат, вклучувајќи ја и можноста за тероризам, изјави рускиот претседател.
„Причините за настанот сѐ уште не се утврдени, па уште е рано да се зборува (за можните причини). Истрагата ќе покаже. Нормално, ќе ги имаме предвид сите варијанти, пред сѐ терористичката природа“, изјави Путин.
Експлозијата се случила меѓу станиците Сеннаја плошад и Технологически институт во 2:40 по локално време, соопшти рускиот Национален антитерористички комитет.
Експлозијата била предизвикана од рачно направена бомба, јавуваат руските медиуми, но тоа сѐ уште не е официјално потврдено. Сите метро станици во Санкт Петербург се затворени.
Метрото е „целосно евакуирано“, соопшти рускиот Национален антитерористички комитет. Градските власти на Сант Петербург потврдија дека има најмалку десет жртви и десетици повредени.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град