Богатството лежело на морското дно откако парабродот City of Cairo на пат од Бомбај во Индија кон Англија во 1942 година бил потопен од германска подморница.
Бродот со терет од стотина тони сребро кое припаѓало на британското министерство за финансии бил на дното од морето 772 км. јужно од св.Елена, на длабочина од 5 км.
Среброто, останатите скапоцености и металните пари патувале кон Лондон за да ја финансираат британската воена машинерија, но таму никогаш не пристигнале. Бродот бил торпедиран од страна на германска подморница на 6 ноември 1942 година.
И бродот и богатството се сметаа за исчезнати до 2011 година, кога тим, под водство на Британецот John Kingsdorf, воочил необичен облик на гребен на дното од Атлантикот. Неговата организација Deep Ocean Search (DOS) го прекопала морското дно во површина двојно поголема од Лондон, рекол за BBC Kingsdorf.
“Отпрвин не верувавме”, рекол тој, “Но, морате да им верувате на своите луѓе кога ќе кажат дека нешто пронашле, па отидовме да провериме”. Тој предмет навистина бил бродот City of Cairo, а тимот го извлече богатството вредно 34 милиони фунти.
Сребрениците биле продадени во Велика Британија, а непознат износ поделиле министерството за финансии, кое е формален сопственик на богатството, и организацијата која го извлекла богатството која пак добила процент од продажбата.
Операцијата на извлекување е завршена во септември 2013 година, но DOS дури сега добило дозвола за објавување, од министерството за финансии, на овој податок.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град