Најголем хакерски упад, украдени една милијарда долари

Ограбени сто банки ширум Европа и САД

 |  инфодеск  | 

Откако еден банкомат во Украина сам почнал да исфрла пари, банката повикала експерти од безбедност кои спровеле истрага и откриле многу поголем проблем од банкоматот кој сам исфрла пари. Таа банка, заедно со уште сто банки и институции ширум Европа и САД, биле жртви на еден од најголемите сајбер грабежи во историјата. Овие напади, објавиле од безбедносната компанија Kaspersky Lab, а информациите ги пренесе BBC, почнале во 2013 година и сеуште се активни а зад нив стојат сајбер криминалци од Русија, Украина и Кина. Тие ја означуваат новата фаза на сајбер напади и грабежи во која сајбер криминалците крадат директно од банките, а не како досега од клиентите на банките.

Од Kaspersky Lab велат дека, кога станува збор за методите на кои ги вршат грабежите, дека се работи за најсофистицираните сајбер напади кои се видени досега. На почетокот нападот изгледал како и бројните слични напади – на вработените им стигнувала електронска пошта која изгледала дека ја праќаат нивни колеги, но кога ќе биле отворени пораките на компјутерот се инсталирал малициозен програм кој на хакерите им овозможувал пристап на мрежата од банката и на компјутерите од вработените задолжени за трансфер на пари. Исто така, на ист начин го инсталирале и софтверот (таканаречен RAT, односно алатка за далечински пристап на компјутерите) со кој следеле сѐ што се работи и сѐ што се прикажува на нивнитекомпјутери па напаѓачите биле стрпливи и со месеци чекале за да дојдат до што повеќе информации кои им биле потребни да стапат во акција. “Целта им била во потполност да ги имитираат активностите на вработените во банката”, коментирал Sergey Golovanov од Kaspersky Lab и додал дека целата работа изгледала како секојдневно работење со парични трансакции па никој не се посомневал во кражба.

Напаѓачите долго време ги проучувале системите на секоја банка и отворале лажни сметки во САД и Кина на кои ги префрлале парите, а во некои случаеви ги програмирале банкоматите во одредено време да исфрлаат пари за да подоцна ги земат. Постојат докази дека се украдени 300 милиони долари, а во Kaspersky Lab веруваат дека цифрата би можела да е три пати поголема, додека на BBC спомнуваат цифра од една милијарда долари украдени пари. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top