Во првите месеци од излегувањето на Facebook на берза, кога цената на акцијата падна под 20 долари, некои аналитичари веќе го отфрлија Zuckrberg и неговата социјална мрежа, а во исто време акционерите одлучија да поднесат тужби против основачот на компанијата. Тие тешки времиња се зад Zuckerberg кој на крајот на 2014 година има “милијарди” причини за задоволство, а една од причините е и цената на акцијата, односно вредноста на неговата компанија која вчера достигна најголема вредност од излегувањето на берза. Спрема информациите на Yahoo Finance цената на акцијата на Facebook достигнала 81,88 долари, додека вкупната вредност на компанијата поминала 227 милијарди долари.
Ова беше фантастична година за Facebook, напоменуваат на Business Insider и додаваат дека во последните 12 месеци тие потрошиле повеќе од 20 милијарди долари за аквизиции (превземање на компанијата за виртуелна стварност Oculus Rift и апликацијата за размена на пораки WhatsApp), претставија некои свои нови апликации, Messenger е одвоен како самостојна апликација за размена на пораки и ред други активности. Исто така, Zuckerberg може да биде задоволен и со Instagram – социјална мрежа за фотографии кој ја купи за една милијарда долари а нејзината вредност достигна 35 милијарди долари. Воедно, бројот на корисници се зголеми на 300 милиони така што оваа мрежа има повеќе корисници и од Twitter, а со оглед дека оваа година почнаа експеримент со огласи, за очекување е дека Instagram во иднина ќе биде голем извор на профит за Zuckerberg.
Facebook може да се пофали и со одлично работење и на мобилниот пазар (што беше голем проблем при излегувањето на берза) и оваа компанија сега од графичко и видео огласување на мобилните уреди заработува три пати повеќе во однос на Google на американскиот пазар. Со оглед на вкупниот број на корисници на Facebook, Instagram и WhatsApp јасно е дека оваа компанија ќе доминира кај социјалните мрежи и следните години и може да се очекува дека и во 2015 цената на акциите и профитот на оваа компанија и понатаму да расте.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град