Воочен е фрагмент на околу 80 км од островот То Чу, но сеуште не е потврдено дали е тоа дел од исчезнатиот боинг 777. Истрагата продолжува за патниците со лажни пасоши.
Виетнамски авион кој е вклучен во истрагата по исчезнатиот авион на Малезија Ерлајнс воочил во морето предмет кој плови. Се сомневаат дека тоа би можело да е дел од Боингот кој исчезна во саботата, пишува Wall Street Journal, но сеуште се чека да се пријде поблиску и да се утврди за што се работи.
Поради мрак сеуште не може да се потврди дека станува збор за делови на исчезнатиот авион.
Претходно сингапурски авион вклучен во истрагата исто така воочил предмет што би можело да е дел од боингот, но се испоставило дека се работи за лажен аларм.
Продолжува истрагата околу двајцата патници со лажни пасоши, за кои реагирал Интерпол кој бил загрижен затоа што никој не проверувал во нивната база на податоци за кои има информации за сите информации за овие пасоши. Украдените пасоши се во базата од 2012 и 2013 година. Објавиле и дека ќе ги проверат и преостанатите пасоши кои можеби биле украдени.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град