Најбрз растечки бренд во Европа

Грдото паjче се претвори во лебед

 |  инфодеск  | 

Со 4,5 милијарди евра годишен приход учествува со 3% во романскиот бдп и е заслужна за 8% извоз на таа држава. Станува збор за Dacia која некогаш беше грдо пајче кое се претвори во лебед а продажните статистики зборуваат за тоа и ја ставаат во самиот врв.

Спрема податоците на здружението на европски производители на автомобили, романската Dacia во првото полугодие била најбрз растечки бренд со пораст од 35%, поттикната од побарувачката за пристапни ефтини автомобили. Во првите девет месеци продажбата на Dacia во Франција пораснала за 19%, Италија за 46%, Германија за 8%, а во Велика Британија дури за 70%. Брзиот раст на продажбата ја прави Dacia важен субјект во стопанството на Романија каде зема учество од 3% од романскиот бдп, и заслужна е за 8% извоз на таа држава а директно или индиректно вработува 130.000 луѓе.

Тоа е огромен успех за компанија која до пред 15 години беше на апарати, а во времето на комунизмот произведуваше автомобили кои беа на лош глас меѓу возачите. Историјата на компанијата е од 1966 година по доаѓањето на власт на комунистичкиот лидер Николае Чаушеску. Името го добила по древната покраина која го опфаќа најголемиот дел од денешна Романија, а првиот значаен модел бил лиценцираната верзија на Reanault 12.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top