Најбрз природен лек за болно грло

Чувството на пецкање и кашлање се најчести тегоби во зимските месеци

 |  инфодеск  | 

Чувството на пецкање и кашлање се најчести тегоби во зимските месеци, кои нема да ве легнат в кревет, но телото ќе биде исцрпено и ќе предизвика нервоза. Доколку сте приврзаници на природното секако дека во вашите домашни рецепти треба да направите место за најбрзиот чај кои ќе ги елиминира болките во грлото и истовремено ќе го подобри вашето расположение.

Ѓумбирот во последно време се вкорени не само во кујната како омилен зачин од предјадење до десерт, туку и како спасоносен лек за бројни тегоби. Ова неугледно растение ја намалува мачнината, ја поттикнува циркулацијата и го намалува стресот, додека во зимските месеци кога грлото станува како кактус е најпосакуван лек.

Состојки:

-1 мало лажиче изрендан свеж ѓумбир

-1 мало лажиче мед

-сок од лимон

-250 мл. Врела вода

Припрема:

Свежо изренданиот ѓумбир ставете го во шоља и прелијте го со врела вода. Кога малку ќе се излади додајте го сокот од лимон и медот, промешајте го и испијте го во најкраток можен рок.

Совет:

-Чајот е најдобро да го пиете пред спиење или рано наутро.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top