Најбогатиот Хрват станува крал на маслото за јадење во Србија

Брендовите Фриком, Дијамант, Мултивита…вработуваат 7.000 луѓе

 |  инфодеск  | 

Сопственикот на Агрокор, Ивица Тодориќ, по купувањето на Дијамант од Зрењанин, купува уште една фабрика за масло за јадење во Србија. Најбогатиот хрватски бизнисмен, кој во Србија е сопственик на шест компании, сака да ја превземе и компанијата Викторијаоил, фабрика за масло за јадење од Шид која е присутна со брендот Искон.

Тодориќ на српскиот пазар на масло за јадење  влезе во 2004 година со купување на фабриката во Зрењанин која со години држи една третина од пазарот, а сега Тодориќ со купување на Викторијаоил сака маслото Искон да го користи како суровина за производство на марката К плус.

Цената на трансакцијата не е позната бидејќи Викторијаоил не е застапена на белградската берза, па тешко е да се одговори која е пазарната вредност на компанијата.

Од Агрокор ја потврдиле заинтересираноста за оваа компанија која годишно преработува скоро 220.000 тони сончоглед и повеќе од 85.000 тони соја, а има 300 вработени.

Да потесетиме, Агрокор во Србија вработува 7.000 лица низ брендовите Фриком, Дијамант, Мултивита, Мивела,…

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top