Таблета која го спречува ширењето на ракот. Научниците откриле како да го разбудат системот за имунитет кој би ги убивал ќелиите на туморот. Експертите идентифукувале молекул кој е наречен Cbl-b, кој го блокира ширењето на ракот, што ги довело научниците на еден чекор поблиску до терапијата против ова зло.
Научниците направиле вештачки мускули. Свилата и конецот се користат за правење на моќни вештачки мускули кои во иднината ќе бидат во можност да им помагаат на луѓето со инвалидитет или да бидат дел од роботите, покажала новата студија. Во споредба со човечките мускули со иста тежина и должина, вештачките ќе можат да подигнат 100 пати поголема тежина и да створат 100 пати поголема механичка сила, тврди меѓународниот тим на експерти-истражувачи.
Мачките гледаат работи кои за нас се невидливи. Ако би можеле да го видиме светот со очите на нашите домашни миленичиња, најверојатно би виделе многу повеќе работи, отколку сега. Новото истражување покажало дека мачките, кучињата и многу други животни можат да ја видат ултравиолетовата светлина.
Научниците направиле подобар компир. Британските истражувачи сметаат дека направиле компир отпорен на црната пегавост. Тие ги вкрстиле гените на виолетовиот компир од Јужна Америка со обичниот црвен компир, и ниеден од посевите не е заразен со спомнатото гливично заболување.
Слоновите се тешат еден со друг. Слоновите не само што препознаваат кога нивните членови од групата се под стрес туку им нудат и раме за плачење. Ваква емпатија е многу ретка помеѓу животните.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град