Цената на нафтата оваа седмица се спушти на најниско ниво во последните шест месеци по новите потврди за понатамошниот раст на и онака прекумерната понуда на пазарот и поради слабите податоци на кинеското стопанство.
Барел на сурова нафта на лондонската берза поевтини за 1,17 долари и сега изнесува 51,04 долари, со тендеција за понатамошно опаѓање.
Во еден момент во понеделник цената падна на 50,85 долари, најниско ниво од јануари до сега. Од почетокот на третиот квартал цената е намалена веќе за 20% и е на пат да го забележи најголемиот пад од периодот јули-септември во 2008 година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град