Четири начини со кои Ikea успешно ги придобива купувачите

Ikea освен со производите позната е и по своите интересно уредени продавници

 |  инфодеск  | 

Ikea освен по производите, позната е и по интересно уредените продавници кои функционираат како голема самопослуга во која лесно се доаѓа до посакуваната роба, а често се купува и она што не било во план.

Заслугите за овој бизнис успех најнапред одат на нивниот концепт кој го создале овие четири дизајнерски правила:

Намалување на трошоците на секој чекор – Во процесот на производство, Ikea држи голем нагласок на што помалку трошоци. Така, за изработка на мебелот користи евтини плочи од влакна кои ги нарачуваат во големи количини. Ikea, исто така, ги намалува трошоците со производството кое е надвор од Шведска, односно во земјите во развој.

Купувачите се држат во неизвесност – Изгледот на продавниците на Ikea е привлечен за каупувачите. Просторот е дизајниран така што секој агол ве води до нов производ и така привлекува да се погледне што е следно.

Практичност – Кога пред 50-на години сватиле дека гломазните производи е тешко да се сместат во автомобилите, се сетиле дека можат да применат попрактични пакувања. И денес Ikea е токму со тоа позната во светот. Многу од производите се наоѓаат во сплескани кутии со инструкции за составување на мебелот дома.

Соработка со купувачите – Концептот луѓето сами да го составуваат мебелот дома наликува како Лего коцки за возрасни. Вклучувајќи ги купувачите во процесот на составување на производот, како и континуирано ниските цени, Ikea гради круг на верни посетители.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top