Црногорската олимпијада ќе се одржи и оваа година, а за победникот во одморање е спремна награда од 300 евра.
Најдобрите и најупорните одморачи во лежечка положба ќе се натпреваруваат и оваа година, а победникот ќе добие 300 евра, 100 повеќе од минатата година, пишува Mondo.
Традиционалното првенство во лежење или Црногорската олимпијада се одржува во етно селото “Montenegro” на трети август.
Црногорската олимпијада освен во лежење, ќе ги собере и натпреварувачите во брзо пишување на смс пораки и во црногорскиот маратон од дури 50 метри.
Кој ќе стигне прв на целта по претрчани 50 метри ќе добие 50 евра, а толку е предвидена награда и за победникот на омилената дисциплина на младите, пишување смс пораки.
Да се потсетиме, минатогодишниот победник Владан Бајалица од Никшиќ прележа 32 часа и освои 200 евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град