Мозокот не разликува чоколадо од кокаин

Зошто изборот е коцка чоколадо а не морков?

 |  инфодеск  | 

Истражувачите на францускиот национален центар за научно истражување (CNRS) тврдат дека човечкиот мозок всушност не разликува чоколадна торта од кокаин.

Имено, триглицеридите, маснотиите кои ги внесуваме со храната, делуваат како тешки дроги на мозокот кои не е во состојба да направи разлика помеѓу тие две супстанци, бидејќи тие влијаат на иста област во мозокот – делот за задоволства и награди.

Резултатите од истражувањето укажуваат на потребата за подобро согледување на компулсивното однесување на дебелите луѓе.

„Зошто сме во состојба да станеме во ноќните часови и да изедеме коцка чоколадо, а никогаш не се будиме за да изедеме морков? Храната е биолошка потреба, но најчесто оброците ги доживуваме како задоволство, а токму тоа чувство не тера да посегнуваме по храната“, објаснуваат француските научници.

„Понекогаш тоа станува опасно. Секоја година 2,8 милиони луѓе во светот умираат од последиците на дебелината“, истакнуваат тие, наведувајќи го како главна причина дисбалансот помеѓу внесени и потрошени калории.

Оваа патологија е, исто така, резултат на хемиски процес во мозокот. Шеќерот и маснотиите се извор на енергија за организмот, но за функционирање на мозокот е потребна само гликоза.

Научниците ова го тестирале на глувци со тоа што им било директно вбризгувана доза на триглицериди во мозокот. Што повеќе биле изложени на триглицериди, глувците биле помрзливи и поалчни.

„Идеални услови за добивање на поголема килажа. Мозокот се прилагодува за да добие деликатеси, слично како механизмот кој се појавува при конзумирање на дроги“, наведуваат истражувачите.

Така храната богата со маснотии станува награда баш како и тешките дроги за наркоманите.

„Нашите резултати по прв пат покажаа дека триглицеридите можат да делуваат како тешките дроги на мозокот, по системот „наградување“, контролирајќи ја хедонистичката компонента на исхраната“, заклучуваат научниците.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top