Турскиот претседател Таип Ердоган и неговата фамилија се вклучени во системот на незаконска испорака на нафта од сириските полиња кои ги држат терористите на Исламската држава, било кажано денес во Москва на прес конференцијата на министерството за одбрана.
“Русија знае за три траси по кои се криумчари нафта од Сирија во Турција. Лидерите на бандите и турската елита крадат нафта во Сирија во големи количини”, било кажано на брифингот.
Министерството за одбрана на Русија претставувајќи ги доказите за финансирање на терористите на Исламска држава во Сирија наведува дека Турција е главен потрошувач на нафтата на терористите и дека приходите на ИД од продажба на нафта се околу две милијарди долари на годишно ниво.
Брифингот на тема “вооружените сили на Русија во борба со меѓународниот тероризам-нови податоци” се одржува за претставници на руските и странските медиуми, а го следат повеќе од 300 новинари.
Министерството за одбрана на Русија прикажало фотографии на колони од танкери на ИД на границата помеѓу Сирија и Турција.
“По преоѓањето на границата со Турција танкерите со нафта одат во пристаништата од каде се префрлуваат во трети земји. Од почетокот на руската операција во Сирија, бројот на танкери значително е намален, но не забележуваме дека Американците ги гаѓаат танкерите”, било кажано на пресот во Москва.
Приходите од продажбата на нафта го богатат турското раководство и го зголемува вооружувањето на милитантите во Сирија и Русија ќе продолжи со бомбардирање на цели на Исламската држава.
“Еден од големите центри за експлоатација на нафта е градот Деир ел Зор. Правецот за испорака води до источна Сирија до Турција и се завршува во рафинеријата Батман во Турција”, истакнал Сергеј Рудској, началник на главната оперативна управа на Генералштабот на руската војска.
Русија ја повикува Турција да дозволи пристап до местата каде, спрема податоците на Москва, се наоѓаат центрите за криумчарење на нафта.
Анатолиј Антонов, заменик министер за одбрана рекол дека финансирањето на терористите тие го предочиле со докази за тоа како се одвива нелегалната трговија со нафта, а со тоа и финансирањето на терористичките групи и дека ако мислат дека овие докази се лажни нека овозможат пристап на новинарите во овие области.
“Русија и понатаму ќе изнесува докази за турското пљачкосување на својот прв сосед. Министерството за одбрана на Русија знае колку вреди зборот на турскиот претседател и знаат дека Ердоган нема да ја признае вината, дури и неговото лице да биде измачкано со ограбена нафта”, било речено на брифингот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град