Иако „Huracan” имаше интернет презентација уште на крајот од 2013 година, ова е првото појавување пред публика на некој светски саем на автомобили.
На фабричките фотографии можеше да се види дека е во прашање автомобил со современ дизајн во однос на претходниот модел, но и дека не е нарушен препознатливиот стил на Ламборџини. Светло жолтиот примерок го краси штандот на овој производител во Женева.
Предниот дел на „Huracan”, со новиот дизајн на фаровите, спуштениот нос и огромните издувни цевки, придонесуваат автомобилот да изгледа поагресивно во однос на претходникот. Линиите од браниците се понагласени, а отворите за воздух пред задните тркала се помали и се поставени пониско. Назад се истакнуваат модерно обликувани стоп светла, поптполно променет дизајн на браниците и два пара на издувни цевки.
„Huracan” има 5,2 литарски V10 мотор кој испорачува 610ks (448 kw) при 8250 о/min, додека максималниот обртен момент од 560 Nm на 6500 o/min.
Автомобилот е тежок 1422 кг, убрзува од 0 до 100 km/h за 3,2 секунди, а до 200 km/h му е потребно 9,9 секунди. Максималната брзина му изнесува 325 km/h.
Снагата на моторот е на сите 4 тркала со помош на автоматски менувач со дупло квачило, а на возачот му се на располагање три режими на работа: страда, спорт и корса. Ламборџини „Huracan” е стандардно опремен со керамички кочници.
Сите неопходни информации за време на возењето ќе се добиваат на ТФТ екран кој ја замени стандардната инструмент табла.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град