Модуларниот смартфон “Ara” ќе го промени светот на паметни телефони

Концептот и идејата брзо ќе бидат стварност

 |  инфодеск  | 

Она што беше започнато како идеја и концепт, Google прилично брзо го претвора во стварност и реален уред кој би можел да го промени начинот на кој размислуваме за паметните телефони.

Paul Eremenko неодмана објавил вести поврзани со проектот Ara, односно модуларен смарт телефон кој се развива во Google. Моментално најголем предизвик за компанијата е на пазарот да пласираат ваков уред веќе наредната година. Исто така, првиот прототип ќе се претстави на втората девелопер конференција во декември оваа година.

Проектот Ara ќе се користи со прилагоден оперативен систем Android L развиен во соработка со компанијата Linaro. Благодарение на таа верзија, модулите, сите освен процесорската единица и екранот, ќе бидат заменливи, и тоа без потреба да се исклучува уредот. Новите модули ќе можат да се купуваат по пат на онлајн продавница, слична на Google Play.

Во наредните месеци можеме да очекуваме многу новитети околу овој уред, и нови партнерства.

Да напоменеме дека големи и мали компании како Laird Technology’s и  Array Labs веќе работат на развојот на модулите за Ara.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top