Нов модел за квалификувани доселеници

Канада најавила нов модел “Брз влез”

 |  инфодеск  | 

Канада најавила дека ќе воведе нов модел за активно носење на економски емигранти кој ќе се вика “Брз влез”.

Тој модел ќе претставува револуција во начинот на привлекување на квалификувани доселеници и ќе овозможува брзо вработување, изјавил канадскиот министер за државјанство и емиграција Крис Александер.

“Брз влез” ќе биде воведен од јануари 2015 и ќе овозможува поголема флексибилност и побрзо исполнување на барањата за работна сила за оние работни места за кои нема доволно Канаѓани.

Кандидатите за работа и доселување кои имаат важечка понуда за работа во Канада ќе бидат брзо повикани да се пријават за добивање статус на државјанство.

Новата програма е наменета за квалификувани и стручни кандидати и ќе овозможи владините служби да ги изберат најдобрите меѓу нив, дури и пред оние кои се први на листата.

Се очекува од новата програма да се спречи натрупувањето од нерешени барања бидејќи тие ќе бидат решавани најдолго за шест месеци од денот кога кандидатот ќе добие повик за доаѓање во Канада по еден од четирите програми за прилив на квалификувана работна сила.

Од 2006 до 2013 година во Канада се доселиле рекорден број на лица по разни основи – просечно 257.000 секоја година. Минатата година 130.000 доселеници добиле канадско државјанство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top