Мобилниот телефон му го спасил животот во нападите во Париз

Смртоносниот шрапнел завршил во смартфонот

 |  инфодеск  | 

Човек кој се нашол во близина на стадионот каде експлодираа две бомби тврди дека животот му го спасил мобилниот телефон.

Тој разговарал на мобилниот телефон одејќи покрај стадионот Stade de France во Париз кога експлодирала една од бомбите. Шрапнелот долетал до него но го погодил точно во мобилниот телефон.

“Разговарав, ја преминував улицата и тогаш имаше експлозија точно пред мене. Се разлетаа парчиња, почуствував како летаат околу мене. Паднав и веднаш станав. Го погодија мојот телефон и тој ме спаси, во спротивно ќе ме погодеше точно во глава”, изјавил за Reuters човекот.

Да потсетиме, во нападите во Париз загинаа најмалку 128 лица, 200 се ранети, а 99 се во критична состојба.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top