Мобилни генератори за Крим

Крим е зависен од Украина за снабдување со електрична енергија

 |  инфодеск  | 

Симферопол – Русија упатила мобилни генератори на Крим, чие снабдување со електрична енергија и понатаму зависи од Украина.

Повеќе од 1400 мобилни генератори се веќе поставени во таа област”, рекол рускиот министер за вонредни ситуации Владимир Пучков за време на посетата на главниот град на Крим, каде бил во посета на кримските пожарникари на свеченоста по повод припојувањето на областа со Русија.

Москва, како што рекол, упатила додатни генератори за струја за да го осигура континуитетот на функционирање на јавните институции на Крим, и покрај моменталните прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Делови од тој полуостров во неделата останале без струја, а струја немало и во други делови на Украина.

Електрокомпанијата Крименерго соопштила на својата интернет страница дека морала да го прекинат напојувањето со струја бидејќи од Украина стигнало барање да се исклучи една важна струјна линија поради вонредни проблеми.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top