Дошле до идеја да основаат туристички сервис за да им олесни на луѓето да најдат сместување во било која земја во светот. Двајцата пријатели, Брајан Чешки и Џо Геби, во 2008 година не ни сонувале дека еден ден нивната компанија ќе вреди 10 милијарди долари.
Airbnb (Air, Bed&Breakfast) пред неколку години стартуваше како компанија основана од двајцата пријатели и страницата била позната само на потесната заедница од силициумската долина.
Airbnb е наменета за луѓе кои сакаат да ги изнајмат или да ги закупат недвижнините ширум светот. Во понудата не спаѓаат хотели туку само приватни апартмани, соби, куќи, станови, бродови и слично.
Кога стартувале со проектот двајцата пријатели немале многу корист, дури размислувале и да се откажат. Но малку по малку проектот станувал популарен и набрзо им се приклучил и третиот пријател Нејтан Блечарзик, па компанијата полека почнала да напредува, така што во 2012 година имале преку пет милиони букирани ноќевања.
Успехот на Airbnb се гледа во тоа што луѓето на социјалните мрежи оставаат пораки и препораки. Регистрираните членови имаат преглед на резервациите, а оние што изнајмуваат даваат оценки за гостите и ги препорачуваат на други изнајмувачи како би укажале какви гости ги посетиле.
Спрема пишувањето на Форбс, основачите на Airbnb моментално водат преговори за нови вложувања, а по овие преговори нивната компанија ќе вреди повеќе од 10 милијарди долари.
Тројцата пријатели иако имаат многу пари сеуште живеат скромен живот. Чешки и Геби живеат заедно во станот каде што ја основале компанијата, додека 30-годишниот Блечарзик, кој ќе биде четвртиот најмлад милијардер на светот, на работа оди со велосипед.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град