Мистериозна светлина на Марс

NASA ги смири страстите

 |  инфодеск  | 

На фотографиите од површината на Марс, кои од далечина ги снимил rover Curiosity на 2 и 3 април, воочена е јака рефлексија, но и покрај другите мислења на некои ентузијасти, не се работи за знаци од вонземски контакт.

Justin Maki од одделението Jet Propulsion Laboratory од NASA, кој бил задолжен за изрботка на камерите за rover Curiosity, појаснил дека блесокот е добро снимен одблесок на сонцето од камен и светлината проаѓа низ дел од куќиштето на камерата, пренесува NBC.

Блесокот се појавил на две фотографии два дена по ред, кој го снимила навигациската камера од десната страна на роверот. Навигациската камера е стерео камера, а истиот тој блесок не се појавил на камерата од левата страна на роверот.

“Една од можностите е дека светлоста е резултат на одблесок на сонцето од камен. Во моментот кога фотографиите се снимени, сонцето било на исто рамниште како и одблесокот, западно-северозападно од роверот и релативно ниско на небото”, појаснил Maki.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top