Астрономите од опсерваторијата Арекибо успеале да забележат супербрз сноп, во траење од три милисекунди, чиј опис совршено одговара на сноповите кои ги откриле нивните колеги од Австралија.
Кога астрономите од опсерваторијата Паркес во Австралија во 2007 година го забележале мистериозниот сигнал од непознато, далечна галаксија, многумина биле скептични.
Антената на радиотелескопот Паркес, широка 64 метри, забележала супербрз сноп радио бранови, кои наизглед пропатувале три милијарди светлосни години за да дојде до нас. Траењето на тој сноп бил неколку милисекунди.
Именуван е како “Лоримеров сноп” по астрономот Данкан Лоример, а се појавил уште шест пати до 2013 година, но секој пат е забележан со телескопот Паркес.
Бројни научници изразиле сомнежи дека се работи за проблем во опремата на телескопот или е сигнал кој потекнува од земјата. Но, неодамна критиките ги замолчал телескопот Арекибо во Порто Рико, најголемиот радиотелескоп кој се прослави во филмот Златно око со Џемс Бонд.
Мистериозните сигнали, се испоставило, дека сепак не се баг на телескопот од Австралија.
Научниците сега се надеваат да забележат повеќе сигнали за да можат прецизно да ги лоцираат. Сигналите се толку кратки и силни што е веројатно дека доаѓаат од многу густ извор, тврди астрономот Скот Рансом.
Што би можел да биде изворот? Теоријата е повеќе од забележаните сигнали. Судар на неутронски ѕвезди и црни дупки, снопови од магнетски неутронски ѕвезди – магнетари, гасење на прастари црни дупки, големи магнетни ѕвезди, или ротирачки неутронска ѕвезда која се претвора во црна дупка.
“Навистина мораме да го лоцираме изворот. На тој начин ќе видиме од каде потекнуваат сигналите – се надеваме од друга галаксија, чија оддалеченост ќе можеме да ја пресметаме, рекол Рансом.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град