Копилотот Andreas Lubitz е веројатно виновникот за падот на авионот на Germanwings во француските Алпи, а инспирацијата за својата постапка можеби ја пронашол во пилотот кој се поврзува со мистеријата на летот на Malaysia Airlines MH370, пишува News.com.au.
Француските обвинители ја известија јавноста дека според снимките од кабината Lubitz намерно го довел авионот до рушење, а воздухопловната индустрија се обидува да го разбере неговиот мотив.
Австралиски пилот рекол дека публицитетот на летот MH370 и улогата на пилотот за исчезнувањето на авионот би можеле да влијаат на Lubitz. “Тоа е слично кога ќе чуете за млад човек кој си го одзел животот, а други млади луѓе кои размислуваат за тоа, истото го оправдуваат”, рекол тој.
Предавач по психологија на Универзитетот Bond, Clive Jones, рекол дека на ранлива личност, може негативно да влијае публицитетот на MH370. “Ако се ранливи и имаат потешкотии на работа, тоа би можело да ги втурне во размислување дека тоа не е лоша идеја”, рекол Jones. Тој додал дека редовните психолошки проценки се единсвен начин кај некого да се идентификуваат проблеми.
Претседателот на меѓународното здружение на пилоти, Nathan Safe, рекол дека оваа несреќа истакнала потреба за расправа помеѓу воздухопловните компании и екипажите за менталното здравје. Тој објаснил дека животот на пилотите на некој може да биде многу тежок. Тоа не е работа која се работи од 9 до 17 часот и многу време се поминува во хотели, далеку од дома. “Тоа можеби звучи добро, но за некои луѓе тоа може да значи осаменост, а на сите тие работи треба да се внимава и да се решаваат”, рекол тој.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град