Минималните плати во ЕУ

Во Европската унија во јануари платите значително варирале

 |  инфодеск  | 

Европскиот завод за статистика, Евростат, излеол со податоци за минималните плати во јануари кои значително варирале од  174 евра во Бугарија до 1921 евро во Луксембург.

Кога ќе се земат во предвид ценовните разлики помеѓу државите, диспаритетот помеѓу членките на ЕУ изнесува 1:11 (изразено во евра) односно 1:5 спрема стандардот на куповната моќ.

Евростат ги рангирал земјите на ЕУ во три групи спрема нивото на минимална плата.

Првата група ја сочинуваат земји со минимална плата под 500 евра и во неа се наоѓаат: Бугарија, Романија, Летонија, Литванија, Чешка, Естонија, Унгарија, Словачка, Полска, и Хрватска.

Во втората група со минимална плата од 500 до 1000 евра се наоѓаат: Португалија, Грција, Малта, Шпанија и Словенија, додека во третата група со минимална плата од над 1000 евра се: Британија, Франција, Холандија, Белгија и Луксембург.

Треба да се земе во предвид  дека платите во земјите на ЕУ, кои не се членки на еврозоната изразени во евра, се подложни на девизниот курс, наведува Евростат.

Данска, Германија, Италија, Кипар, Австрија, Финска и Шведска не се вклучени во пресметката, бидејќи немаат национални закони за минимални плати, или тие варираат во зависност од секторот или професијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top