Список на светски богаташи за кои високото образование и дипломата не биле заслужни за успехот, а не само што не завршиле факултет туку тие немаат завршено ниту средно училиште, а сепак станале успешни бизнисмени и милијардери.
–Џон Рокфелер – Уверливо најбогатиот Американец на сите времиња, индустријалец, нафтен магнат и филантроп. Основач е на компанијата Standard Oil која до 1880 година контролирала 90% од американското производство. Одел во гимназија и на неколку курсеви по книговодство пред да го напушти училиштето на 16 години. Тогаш се вработил како помошник книговодител. Последните 40 години од животот ги проведе во пензија и основал фондации кои оставија голема трага во развојот на медицината, едукацијата и научните истражувања.
–Хенри Форд – Син на ирски имигрант кој како дете бил страствен механичар. Со само 15 години Форд ги растурил и склопил часовниците на своите соседи неколку пати, па така стекнал репутација на поправач на часовници. На 16 години ја напуштил фамилијарната фарма и се преселил во Детроит. Таму најпрвин бил калфа во продавница за машини, а подоцна бил и главен инженер во компанијата на Едисон. Набрзо ја основал својата компанија Ford Motor Company и првиот автомобил кој можеле да го имаат сите Американци. Во времето на својата смрт Хенри Форд имал богатство вредно 199 милијарди долари, а неговата фамилија и денес е сопственик на компанијата.
–Армансио Ортега – Сопственик е на модниот бренд Zara, а училиштето го напуштил на 14 години за да може да заработува и да им помага на сиромашните родители кој освен него имале уште три деца. Првата работа ја нашол во локалната кројачка работилница Gala. Најбогатиот Европеец е тежок 74 милијарди долари.
–Кирк Керкориан – Сина на ерменски имигранти кој почина минатата година на 98 години. Училиштето го напуштил во осмо одделение за да биде аматерски боксер. Во тоа бил многу успешен. Учествувал во Втората светска војна како воен пилот. Еден е од луѓето кои го создадоа Лас Вегас, а ги осмислил големите туристички дестинации ширум светот.
–Франсоа Пино – Сопственикот на Samsonite, Puma, Gucci, аукциските куќи Christie’s, го напуштил училиштето кога имал 11 години бидејќи децата се шегувале со неговото скромно потекло. Неговото богатство се цени на 13 милијарди долари, а денес тоа го води неговиот син Анри Пино, воедно сопруг на актерката Салма Хаек.
–Дејвид Мурдок – Го напуштил училиштето на 15 години и се вработил на бензиска пумпа каде работел сѐ додека не го повикале во армија во 1943 година. По враќањето отвора заложувалница во Детроит, но од тој бизнис излегува со 700 долари во џебот. Се ориентира на производство на овошје и зеленчук и станува најголем производител на светот. Моментално е тежок 3 милијарди долари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град