Милијарда за Украина

Парите наменети за украинската економија

 |  инфодеск  | 

Пакетот за помош на Украина го поддржале и републиканците и демократите, а парите од околу милијарда долари ќе се употребат за украинската економија.

Надворешно политичкиот одбор на американскиот Сенат припрема закон за осигурување на поддршката на Украина, а администрацијата на претседателот Обама се консултира за можните санкции против поединци, Руси и Украинци, со кои соработуваат.

Истовремено, агенцијата Reuters пренела дека, во тек е состанок на Барак Обама во белата куќа со истакнати воени и советници за национална сигурност.

Состанокот е посветен на Украина, а присуствуваат државниот секретар Џон Кери, министерот за одбрана Чак Хегел, советникот за национална сигурност Сузан Рајс, министерот за финансии Џек Лоу, и генералот Мартин Демпси, изјавил функционер на Белата куќа, а пренесува Танјуг.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top