Во изминатите години Windows стекна репутација дека е платформата која е констатно мета на напади од хакери, злонамерни програми и вируси па многумина го обвинуваа Microsoft дека не работи доволно за да го направат побезбеден.
Но, ако земеме во предвид дека станува збор за најкористениот оперативен систем, ни најмалку не чуди фактот дека е честа мета на злонамерни напади.
И покрај сѐ, Microsoft објави нова реклама за Windows10 во која истакнува дека се работи за најбезбеден Windows до сега. Во неа се истакнуваат неколку безбедносни функции на платформата како на пример онаа дека ќе поддржува разни видови на биометриски пријавувања.
Тука е скенирањето на рожницата на окото, препознавањето на лицето, како и скенирањето на отпечатокот на прстот. Освен тоа, тука се наоѓа и подобрениот Windows defender, како и низа други опции.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град