Microsoft ги претстави првите паметни телефони со Windows 10

Интересна е опцијата на отклучување на телефонот со препознавање на лицето

 |  инфодеск  | 

На вчерашната конференција на кои го најавија својот прв преносен компјутер, Microsoft ги претстави и првите паметни телефони кои работат на оперативниот систем Windows10  и станува збор за најсилните телефони досега кои работат на Windows.

Како и многу други компании како Apple и Google, и во Microsoft се одлучија за стратегија на два уреди, односно претставија еден класичен модел и еден фаблет.

“Сакавме да го ставиме Windows во вашиот џеб”, рекол на конференцијата во Њујорк, Panos Panay од Microsoft и додал дека новите Lumia навистина почнуваат да се однесуваат како персонални компјутери.

Моделот Lumia 950 доаѓа со екран со дијагонала 5,2 инчи, резолуција 1440х2560 пиксели, додека фаблетот Lumia950XL има екран со дијагонала од 5,7 инчи и со иста резолуција. Двата модели ги красат силни процесори (Lumia 950 има шестјадрен Snapdragon 808, а XL моделот осумјадрен Snapdragon 810), имаат 3 GB RAM и 32 GB меморија за чување податоци кои додатно можат да се прошират со microSD мемориски картички. Исто така, двата нови модели имаат поддршка за Qi бежично полнење така што нивните батерии можат да се полнат со поставување на површина за полнење која не мора да се поврзува со кабел. Резолуцијата на камерите на двата модели изнесува 20 MP и доаѓаат со оптичка стабилизација на сликата, а спрема Panay, камерите снимаат неверојатни фотографии во услови на слабо осветлување, додека за љубителите на селфи од предната страна се наоѓа камера со резолуција од 5МР.

Новите телефони на Microsoft со Windows 10 доаѓаат со гласовен асистент Cortan, Office, Skype и Continium технологијата, а интересна е опцијата на отклучување на телефонот со препознавање на лицето. Исто така, можно е поврзување на телефонот со монитор од компјутер и истиот да се користи како персонален компјутер – токму тоа го мислел Panay кога рекол дека телефоните се однесуваат како класични компјутери.

Цената на помалиот модел изнесува 549 долари, а Lumia 950XL чини 650 долари, а на американскиот пазар ќе се појават наредниот месец.

Овие два телефони се првите модели кои ќе работат на Windows 10, додека новата верзија на оперативниот систем на моменталните сопственици на Windows телефоните ќе им биде достапна кон крајот на декември.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top