Microsoft организира светски турнир во Solitaire

Можност за секој да учествува, а Microsoft можеби ќе изненади и со награди

 |  инфодеск  | 

Откако одлучија да ја вратат една од најлегендарните игри, Solitaire, на оперативниот систем Windows 10, кој наскоро ќе биде претставен, во Microsoft одлучија да организираат и турнири на глобално ниво.

Solitaire оваа година слави 25 години од своето постоење и најверојатно тоа е една од причините зошто во Redmond се придава толкаво внимание на оваа игра. На blog.windows.com објаснуваат дека се работи за два турнира или поточно едниот интерен кој стартува идниот понеделник во кој ќе учествуваат само вработените во Microsoft, а најдобриот од нив ќе се обиде на глобален отворен турнир со остатокот од светот, всушност со сите оние на кои играњето Solitaire им претставува задоволство.

Турнирот ќе нуди можност на одмерување на силите во пет верзии на оваа популарна игра, Klondike, Free Cell, Spider, TriPeaks и Pyramid, но засега не се објавени дополнителни правила, како ни поединости за евентуални награди. Не се знае ниту колку ќе трае турнирот, но во Microsoft објавија дека во турнирот ќе може да учествуваат сите, независно од тоа на каков уред е инсталирана играта, компјутер, таблет, мобилен телефон…

Додека не се појави Windows 10, Solitaire е достапна за превземање и инсталација на Windows store, па ако ви се чини примамлива идејата за играње на овој турнир, време е да ја инсталирате играта, а секако дека Microsoft може да изненади и со награди.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top