Десет места кои не смеат да се видат на мапите на Google

Google maps се смислени за приближување на убавините во светот, но…

 |  инфодеск  | 

Иако мапите на Google се смислени за да ги приближат убавините на светот на луѓето, сепак постојат некои места кои не можете да ги видите.

Кралската палата во Амстердам, Холандија. Таа е само една од многуте градби во сопственост на холандската кралска фамилија која е замаглена на Google.

Меѓународниот аеродром Buffalo Niagara. Овој аеродром е видлив ако не е зумиран, а тогаш ќе забележите дека е избелен и не можат да се видат детали.

Нациналниот парк Tantauco, Чиле. Овој национален парк може да се види само како црвен знак на снимката. Тој приватен природен резерват е дом на некои од најзагрозените животни во светот. Дали зумирањето би им помогнало на ловокрадците да го најдат својот плен?

Браната Keowee, Јужна Каролина. Вештачко езеро во облик на елка кое исто така е замаглено на мапите. Ова езеро ја покренува најголемата електрана во сопственост на компанијата Duke Energy.

Мистериозна руска област. Нема сигурност што всушност претставува овој регион, но Русите се потрудиле да остане замаглен. Тој се наоѓа среде сибирската тундра.

Аеродромот Minami Torishima, Јапонија. Овој аеродром има само една писта и е единствена врска помеѓу островот и остатокот на светот. Моментално се користи за потребите на јапонската морнарица.

Зградата Michael Aaf, Јута, САД. Ова подрачје е под власт на американската морнарица и тука се тестира хемиско и биолошко оружје. Тоа е она што се знае.

Универзитетот Cornell, Њујорк. Невидлив е само еден дел, и тоа оној кој служи за производство на зелена енергија. Оваа високо технолошка и еколошка фабрика произведува струја од плин и други био-материјали.

Babylon, Ирак. Овој град на мапите на Google, повеќе личи на непрегледна фарма отколку како жив град.

Vlissingen, Холандија. Не се само кралските поседи замаглени туку и многу воени објекти и нафтени постројки во Холандија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top