Мерки против мито на пратениците

Со мнозинство гласови си ги зголемија платите

 |  инфодеск  | 

Со мнозинство гласови си овозможија зголемување на платата, за околу 830 евра месечно или поточно на 9.082 евра, во германскиот Бундестаг.

Овие законски измени, за кои гласале 464 од 589 пратеници, а 115 против и 10 воздржани, се предвидува на половина на овој мандат од актуелните 8.252 евра да си ја зголемат платата на 9.082 евра.

Германската опозиција е незадоволна со тоа што овие законски измени се усвоени со брзо темпо од 10-ти февруари, кога за прв пат овие планови на владеачката коалиција беа за прв пат изнесени, а аналитичарите велат дека ова е најповолен момент за усвојување на овие законски измени.

Зголемувањето на платите на пратениците од Бундестагот всушност ќе одговара на платите од сојузните судии, укажуваат германските политичари од владеачката коалиција. Освен тоа, германскиот Бундестаг ги усвоил и мерките поврзани со корекција на пензиската регулатива, и одлуката за давање мито да се казни со затвор до 5 години.

Поостри правила против подмитувањето на пратеници се услов за ратификација на Конвенцијата против корупција на Обединетите нации, пренесуваат германските медиуми.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top