Германската канцеларка добила повик од еден од учесниците на телевизискиот квиз “Кој сака да биде милионер”, кој се надевал дека ќе му даде точен одговор на прашањето вредно половина милион евра.
Имено, за време на квизот во кои учествувале славни личности, политичарот од партијата CDU, Волфганг Босбах бил прашан за машина за перење од времето на Источна Германија позната како WM66, а точниот одговор носел 500.000 евра.
Прашањето гласело: “Зошто машината за перење WM66 била толку легендарна?”, а потенцијалните одговори биле:
-Можела да генерира струја за греење
-Можела да се користи за готвење
-Можела да работи како правосмукалка
-Можела да прима радио-сигнали од Западна Германија
Со оглед дека Босбах бил роден во Западна Германија, имал проблем со прашањето, но добил прилика да повика пријател. “Кого друг би повикал ако не канцеларката?” изјавил и го повикал асистентот да му го донесе стариот телефон во кои се наоѓал бројот од лидерката на партијата – Ангела Меркел.
Меѓутоа, канцеларката не му одговорила во тој момент, но подоцна се појавила порака – “Не можев да се јавам. Во што е проблемот?”
Останала непознаница дали Меркел ќе успеела да одговори на точниот одговор и дали и сама некогаш користела WM66 да зготви храна на неа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град