Ангела Меркел, која не беше поштедена во американската афера за прислушкувањето на Германци, добила нов мобилен телефон, отпорен на прислушкување.
Една година по обелоденувањето на аферата за прислушкување од страна на разузнувачот Едвард Сноуден, Ангела Меркел добила сигурен BlackBerry Q10 со криптопроцесор на дизелдорфската фирма Secusmart, пренесуваат германските медиуми и наведуваат дека тој процесор чини 2.500 евра.
Овој смартфон прави разлика помеѓу приватни и службени комуникации и има додатен процесор кој го спречува прислушкувањето и интернет комуникацијата, односно ги кодира. Пренесуваат медиумите и наведуваат дека и американскиот претседател Барак Обама е обожувател на BlackBerry.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град