Овие се менаџери кои со своите идеи и достигнувања го менуваат светот, но одбиваат да се сменат себеси. Ова е листата на техноменаџери кои и понатаму живеат релативно скромно во однос на своето богатство, а пренесува Business Insider.
-Sergey Brin, соосновач на Google, заработил до сега скоро 40 милијарди долари. Тешко е да се поверува дека човек што поседува неколку авиони е штедлив, но Brin сам признал дека не сака да троши пари.
-David Cheriton, професор на универзитетот Stanford, соосновач на мрежата Aristos и еден од првите инвеститори во Google. Неговото богатство се проценува на три милијарди долари, меѓутоа вози Волксваген од 1986 година, живее во иста куќа последните 30 години, сам се потстрижува и тврди дека по неколку пати користи иста вреќичка за чај.
-Charlie Ergen, директор на Dish Network, чие богатство се проценува на 16,3 милијарди долари, а секој ден на работа носи ручек од дома и на патувањата ја дели собата со колегите.
-Pierre Omidyar, основач и директор на eBay, кој заработил досега 8,1 милијарди долари. “Кога ќе се збогатите толку за да сфатите дека можете да купите и најскап автомобил, и не еден туку многу, тогаш тоа станува неинтересно”, изјавил Omidyar.
-David Karp, основач и директор на Tumbir, заработил досега околу 200 милиони долари. Неговиот единствен луксуз е станот во Brooklyn од 500 квадратни метри, но наводно е полупразен. Karp рекол дека нема ниту книги ниту облека за да го пополни.
-Azim Premji, челник на Wipro Limited, со богатство проценето на 15,4 милијарди долари. На работа се вози со рикша, а во својата компанија го надгледува трошењето дури и на тоалетната хартија и гасењето на светлата.
-Mark Zuckerberg, основач и директор на Facebook, заработил досега 32,4 милијарди долари. Вози автомобили кои чинат не повеќе од 30 илјади долари и живее во куќа која чини 7 милиони долари, а ретко се појавува во нешто што не е обична памучна маица.
-Jan Koum, основач на WhatsApp, тежок 6,8 милијарди долари. Роден е во сиромашна украинска фамилија која се доселила во Америка. Авионските карти ги купува со собирање на бесплатни миљи.
-Tim Cook, претседател на управата на Apple, заработил досега преку 400 милиони долари. Истакнува дека парите не му се мотив и живее скромно.
-Tony Hsieh, извршен директор на Zappos, заработил досега 1 милијарда долари. Не живее гламурозен живот, а голем делод заработката вложил во трансформација на LasVegas во технолошко средиште.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град