Меѓународниот суд за поранешна Југославија го ослободи Воислав Шешељ

Воислав Шешељ во Хаг е ослободен од сите девет точки од обинението

 |  инфодеск  | 

Меѓународниот суд во Хаг констатирал дека Шешељ не е виновен за убиство, мачење, сурово постапување, протерување, нечовечки дела, несовесно разорување и грабеж на имот.

За време на образложението судот утврдил дека обвинителството не успеало да ги докаже наводите против Шешељ, а притоа ја истакнало наводната пристрасност на обвинителството при изнесувањето на доказите.

Тринаесет години по предавањето на Воислав Шешељ на хашкиот суд Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија денес ја изрече првостепената пресуда на  лидерот на српските радикали обвинет за воени злосторства и злосторство против човештвото од 1991 до 1993 година направени против несрпското население во Хрватска, Босна и Херцеговина и против Хрватите од Војводина на кои поттикнувал говор на омраза и праќал доброволци во Хрватска и БиХ.

Шешељ заврши во затвор на 24 февруари 2003 година, судењето започна во ноември 2007 година, а заврши во март 2012 година. Хашкото обвинителство во завршните зборови пред четири години побарало Шешељ да се прогласи за виновен и да се осуди на казна затвор од 28 години поради неговата улога во етничкото чистење на несрпското население во Хрватска и БиХ.

Шешељ, кој во меѓувреме одбил да се појави во хашката судница на изрекувањето на пресудата, порачал дека нејзиното објавување не го интересира и дека највил жалба на било каква пресуда.

Шешељ беше на условна слобода од ноември минатата година кога хашкиот суд го пушти поради влошена здравствена состојба.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top