Масовна евакуација на населението во Солун

Се очекува деактивирањето на бомбата, тешка 226 килограми, да трае околу 6 часа

 |  инфодеск  | 

 

Евакуацијата на 75.000 жители на Солун, утрово се спроведува поради деактивирање на неексплодирана бомба од Втората светска војна.
Експертите прво ќе се обидат бомбата да ја неутрализираат, а таа операција ќе трае неколку часа, јавува АР. Евакуацијата започна во шест часот утрово и автобусите ги носат жителите најмалку два километри од радиусот на бомбата. Луѓето ќе бидат сместени во локалните училишта, стадиони и ресторани.
Евакуиран е и кампот за бегалци кој се наоѓа во близина и во кој се сместени 450 лица.

Полицијата од рано утрово ги посетува домовите на граѓаните кои живеат во радииус на бомбата.
Најмногу евакуирани жители се од солунското предградие Корделио. Во евакуацијата учествуваат околу 1.000 полицајци и 300 волонтери. Возовите во таа област се застанати, а во црквите се откажани утринските литургии.
Се очекува деактивирањето на бомбата, тешка 226 килограми, да трае околу 6 часа.
“Ова е прв пат да се случува вакво нешто во Грција”, изјавила заменичката на градоначалникот, Вула Патулиду.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top