Мал српски аеродром стана водечки во регионот

Билети и за пет евра за летови до Берлин

 |  инфодеск  | 

Со ориентирањето на нискобуџетни компании на патниците им се овозможува прилика да патуваат до Братислава по цена од две евра во еден правец, додека за Берлин можат да се купат билети и за пет евра со компанијата Ryanair.

Аеродромот Константин Велики во Ниш бележи сѐ поголем број патници и станува еден од водечките мали аеродроми во регионот. Од него летаат компаниите Wizz Air и Ryanair, а цените на некои билети се по две евра. Патниците се задоволни, бидејќи билетите се евтини, па повеќе им се исплати да дојдат од Белград до Ниш за да летаат кон некои дестинации.

Вкупниот број на дестинации до кои може да се лета од Ниш веќе идниот месец ќе бидат девет, а нишкиот аеродром ќе забележи рекорден број на патници од своето основање. Плановите за идната година се бројот на патници да достигне 300.000.

“Вложувањето од 6,5 милиони евра во аеродромот и инфраструктурата, односно проширувањето на зградата и опремата, ние очекуваме во следните пет години да имаме 700.000 патници”, истакнал директорот на аеродромот Владица Ѓурѓановиќ.

Најчесто патниците на овој аеродром се од централна , источна и јужна Србија, а помал број се од Белград и Војводина, но во раководството на аеродромот најмногу сметаат на патници од Косово и Македонија, бидејќи тие имаат најголема дијаспора, а географската положба, при евтини билети е најголемата предност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top