LG претстави правосмукалка на иднината

Покрај тоа што чисти оваа правосмукалка се претвора во домашен безбедносен систем

 |  инфодеск  | 

Сѐ повеќе луѓе класичните правосмукалки ги менуваат со роботи кои можат да се програмираат така што, додека сопствениците на станот се на работа, тие темелно ја чистат куќата. Веројатно најпозната компанија на овој пазар е Roomba која во својата понуда има и роботи за чистење на плочки и базени, а свој удел на пазарот бараат и компаниите како Toshiba, LG и други.

LG неодамна го претстави HOM-BOT Turbo+, робот правосмукалка кои доаѓа со некои интересни опции кои овозможуваат темелно чистење, а може да послужи и за надзор на станот или куќата. Благодарение на дополнителната апликација за паметни телефони и опцијата за проширена реалност, сопствениците на оваа правосмукалка ќе можат со еден допир на прстот на екранот да издадат наредба на правосмукалката и веднаш да тргне со дополнително чистење на одредена површина.

Овој гаџет доаѓа и со Triple Eye камери кои ја снимаат целата површина околу правосмукалката за да памети кои места во станот се исчистени, додека камерата на предниот дел овозможува опции како што се Home-View и Home-Guard. Со Home-View опцијата, односно пренос во живо на правосмукалката се овозможува  корисникот на екранот од телефонот да го следи во живо чистењето, а истовремено ќе можат далечински да управуваат со моделот Turbo+.

Благодарение на опцијата Home-Guard, оваа правосмукалка се претвора во домашен безбедносен систем бидејќи нејзините детектори за движење можат да препознаат движење по станот и во тој случај автоматски праќаат фотографии до телефонот на сопственикот на станот.

Со оглед на тоа дека овие домашни роботи во иднина ќе бидат сѐ популарни, HOM-BOT Turbo+ на LG покажа како би можела да изгледа правосмукалката на иднината – освен деталното чистење на куќата, корисниците овие гаџети ќе можат да ги користат и за надзор на својот дом.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top