LG претстави паметен ладилник со Windows 10

Овозможува консултации за припрема на храната која е во ладилникот

 |  инфодеск  | 

LG на овогодинешниот саем за потрошувачка електроника (IFA) во Берлин претстави паметен ладилник со оперативен систем Windows 10.

Овој прототип претставува ладилник на чија врата се наоѓа голем функционален таблет со дијагонала 68,6 цм и е опремен со Intel Atom процесор.

Овој ладилник овозможува сурфање на интернет, играње игри, инсталирање на апликации, слушање музика, гледање филмови, а Cortran овозможува консултации за рецепти со храната која се наоѓа во ладилникот.

Единствениот примерок е оној кој се наоѓа во халата на саемот, а тие кои го испробале велат дека функционира солидно.

Една од интересните можности на овој таблет-ладилник е дека предната страна по желба може да стане потполно прозирна и на тој начин да ја открие содржината на полиците без отворање на вратата од ладилникот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top