LG во Њујорк официјално го претстави G4

Компанијата го претстави својот најнов “flagship” LG G4

 |  инфодеск  | 

Со оглед на тоа дека имаше доста информации и фотографии пред самото претставување, немаше многу изненадувања.

Новиот G4 го покренува нов 6-јадрен процесор Qualcom Snapdragon 808 со 64 битна поддршка, додека за безгрижен мултитаскинг се грижи 3GB работната меморија, односно 32 GB интерната меморија со можност за проширувње со micro SD картичка. Што се однесува до екранот, новиот G4 може да се пофали со LCD QHD екран со дијагонала од 5,5 инчи со одличен агол при гледање во него. Она што е интересно е неговото име – имено, наречен е “Quantum dot”, а наводно така го нарекле затоа што осигурува 20% подобра прецизност во прикажувањето на боите од поранешните G верзии.

Камерата доаѓа со f/1.8 отвор на блендата поради кој фотографиите направени со G4 имаат многу подобар квалитет при фотографирање во мрак. Тука е и оптичката стабилизација која ја имаше и G3 моделот, како и неизбежниот сензор од 16 мегапиксели со ласерски автофокус.

LG овој пат одлучи да им понуди на корисниците избор на материјалот на задната страна па така може да се избираат три бои кои се изработени од кожа, метал или керамика.

Батеријата овој пат има капацитет од 3.000 mAh, додека уредот го поседува Android верзијата 5.0 Lollipop.

Добра вест е и тоа дека за љубителите на чување на датотеки LG во соработка со Google подарува 100 GB во рок од две години на дискот на Google.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top