Производителот на автомобили Lexus успешно го претстави својот футуристички сон Lexus Hoverboard. Ова е четврт по ред проект за оваа неверојатна кампања и дизајниран е во соработка со експерти за технологија на електрични суперпроводници кои го опишуваат како најнапреден Hoverboard.
Lexus користи магнетна левитација со суперпроводници кои се ладат со течен кислород и магнети што овозможува движење без триење и можност да лебди само над метални површини со помош на магнетската сила.
Сега конечно може да се возите на левитирачка даска како што тоа го правеше Marty McFly во филмот “Враќањето во иднината 2” од 1989 година во сцената на бркотници низ градот за да му побегне на Griff Tannen.
Ова го испробале и професионални скејтери на кои во почетокот им било потребно малку време за да се привикнат, но набрзо тоа за нив не претставувало никаков проблем.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град