Lehman Brothers се врати како виски

Колапсот на оваа инвестициска банка предизвика светска финансиска криза

 |  инфодеск  | 

Новиот бренд на виски со името и логото на Lehman е дело на лондонскиот претприемач James Green, кој во соработка со дестилерии во Јужна Каролина и Шкотска создаде пијалок со три вкусови за луѓето да можат да го почуствуваат “комплетниот вкус за најголемиот банкрот во историјата на Wall Street”.

“Snapfire” е млад виски, полн со вкус, кој би требало да евоцира спомени на колапсот на финансискиот систем. “Ashes of Disaster” е нешто потемен и спрема зборовите на Green покајнички, додека третиот “Evergreen” има нота на оптимизам и претставува повторно раѓање.

Британската банка Barclays, која своевремено купи дел на пропаднатата американска инвестициска банка, жестоко се бореше на суд да го спречи Green во користењето на името и логото на Lehman Brothers, но не успеа.

Новиот бренд на виски може засега да се купи само онлајн, а во продавниците и рестораните во Њујорк и Лондон ќе се најде на пролет.

На прашањето колку луѓето ќе сакаат да си спомнуваат на болните спомени на пропаста на Lehman Brothers, Green вели дека има полно нарачки, посебно од инвеститорите на Wall Street.

“Тоа е експлозивен бренд и има голема предност”, рекол Green за Wall Street Jurnal.

Не се знае никогаш, ако вискито Lehman Brothers успее да се пробие на пазарот, можеби наскоро во рестораните ќе може да се нарача пиво “Bear Stearns”, наречено спрема уште една пропадната инвестициска банка, или вотка “Enron”, по енергетскиот џин кој заврши во стечај пред 15 години.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top