Сопственикот на Colt Defence, инвестицискиот фонд Sciens Capital Menagment, предложил купување на компанијата по почетна цена од нула долари, но со превземање на 105 милиони долари постоечки кредитни обврски и 20 милиони долари нови кредити.
Продажбата на пиштолите и пушките Colt опадна минатата година за 30%, па компанијата минатиот месец не можеше да исплати 11 милиони долари доспеани обврзници на сопствениците на кои им должи околу 250 милиони долари.
Во таква тешка ситуација компаниите обично го препуштаат сопствеништвото на кредиторите, заменувајќи ги долговите со сопственичкиот удел, а тоа сопствениците на Colt тоа и го предложиле во јануари. Меѓутоа, компанијата тоа го одбила, со образложение дека тоа би било премногу ризично.
Покренување на стечај и понудата за продажба на компанијата е единствен начин Colt да го избегне прекинот на работа, поради што компанијата би прекинала со испораки, би укинала 800 работни места и би го довела во прашање фондот за пензии на вработените, навел во документите за стечај директорот за реструктуирање на Colt, Keith Maib.
Colt’s Manufacturing Company е основана во 1855 година од Samuel Colt, а револверите на таа компанија биле главно оружје на Американците за време на освојувањето на дивиот запад во 19 век. Таа компанија долго време доинираше на американскиот пазар по производство и по иновативност. Проблемите на компанијата стигнаа при крајот на минатиот век и траат до ден денес поради зголемена конкуренција и кампањите против купување на оружје во САД.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град