Ако сте користеле мобилен телефон кон крајот на деведесетите, па и следните десет години, голема е веројатноста дека барем еднаш сте одиграле партија “змија” на својот уред, а наскоро ќе имате прилика тоа да го сторите повторно.
Потврда за ова пристигнува од девелоперот со име Taneli Armanto, кој најави дека наскоро оригиналната Nokia Snake ќе доживее свое воскреснување и ќе се појави под името Snake Rewind, прилагодена скоро на сите паметни телефони на денешницата, бидејќи ќе работи на iOS, Android и Windows Phone платформите. Нема сомнение дека Snake ќе стане хит, како што била во своите најдобри години, независно од тоа што денес постојат далеку подобри игри со одлична графика. Но, овој тип на игри по правило не бараат додатни вештини, а тоа е тајната за нивната успешност.
Колку е Snake митска игра доволно зборува фактот дека иницијално е развиена во 1976 година кога Gremlin studio ја осмисли оваа игра. Две години подоцна можеше да се игра во прилагодена верзија за Atari, но под името Surround. Апсолутниот бум го доживеа кон крајот на деведесетите, токму благодарение на споменатиот инженер Taneli Armanto. Како вработен во Nokia тој ја осмислил играта која својата премиера ја доживеа во 1998 година на легендарната Nokia 6110. Сѐ после тоа е историја, играта со името Nokia Snake доживеа бројни модификации и стана достапна за сите платформи.
Колку е значајна оваа игра говори и фактот дека на 29 ноември 2012 година во Музејот за уметност во Њујорк е ставена меѓу 40 игри кои ја одбележале историјата, не само со играњето, туку со користењето на модерната технологија воопшто.
Сега благодарение на сеуште живиот ентузијаст на човекот кој ја создаде оваа игра, корисниците на паметни телефони ќе имаат можност повторно да се забавуваат во Snake во ново руво.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град