Курсот на еврото потона денес скоро за цели 2%, а остар пад на цените на акциите имаше на сите азиски берзи бидејќи на Грција и се заканува банкрот и бидејќи тамошната влада воведе капитална контрола за да го спречи излевањето на парите од банките.
Азиските берзи први покажаа како инвеститорите реагираат на одлуката на грчката влада за затварање на банките и на воведувањето на капитална контрола од ризикот од банкрот на Грција.
Бидејќи преговорите помеѓу Грција и кредиторите минатата недела пропаднаа, на таа членка ѝ се заканува банкрот на 30 јуни, кога за наплата ѝ пристигнуваат 1,6 милијарди евра рата кон ММФ.
Грчката влада најави распишување на референдум на 5 јули за да граѓаните покажат што мислат за условите од меѓународната финансиска помош, а тие реагираа токму за време на викендот со повлекување на кеш пари од банките.
И покрај ризикот од колапс на банките, Европската централна банка извести дека нема да го зголеми нивото за итни позајмувања на Грција, што додатно ја отежнува положбата на грчките банки.
“Грција е поблиску до излез од еврозоната и ова ќе биде веројатно многу лоша седмица за берзите”, рекол Daniel Martin, аналитичар во компанијата Capital Economic.
И на европските берзи се очекува слично сценарио како на азиските. Во страв од остар пад на цените на акциите, грчката влада одлучи берзата во Атина денес да не работи.
“Ние сме во непознато подрачје и денес ќе биде тешко да се носиме со овој проблем”, рекол Nick Lawson, директор во Deutsche Bank.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град