Во крвави конфликти ширум светот учествуваат 250.000 деца

Децата се користат како борци и бомбаши самоубијци

 |  инфодеск  | 

Не е важно дали готват, чистат или се борат рамо до рамо со војниците на првите линии, на воените боишта ширум светот денес се наоѓаат 250.000 деца.

Едно од последните видеа на ISIS го шокираше светот бидејќи во него главен лик е дете од десетина години кое во своите раце ја зема задачата за егзекуција на двајца руски државјани.

Но, колку тоа лошо да звучи, децата војници не се ништо ново. Од 2000-та година, спрема податоците на Child Soldiers International, децата војници учествуваат во секој вооружен конфликт во светот.

Тешко е точно да се процени бројката, но UNICEF проценува дека се работи за 250.000 деца кои ширум светот се на некој начин вмешани во некој вооружен конфликт. Се користат како борци во првите линии, како бомбаши самоубијци, живи штитови, доставувачи, курири, шпијуни…

Многу од тие деца се жртви на сексуално насилство, а девојчињата често се присилувани на бракови. The Council on Foreign Relation тврди дека девојчињата, кои им родиле деца на командантите на борбените групи во кои делуваат, ги присилуваат да војуваат со децата в раце.

Спрема податоците на Human Right Watch, некои деца во тие вооружени групи се регрутираат со киднапирање или плаќање, но некои и доброволно пристапуваат верувајќи дека тоа им е најдобра прилика за опстанок во суровите услови.

Ова се земјите во кои секојдневно се регрутираат деца: Авганистан, Мианмар, Средноафричка Република, Чад, Колумбија, Демократска Република Конго, Индија, Ирак, Филипини, Сомалија, Јужен Судан, Судан, Тајланд, Јемен, Сирија, Мали, Шри Ланка, Уганда, Камбоџа, Либерија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top