Кризата влијае на психичките пореметувања

Зголемени се случаите на самоубиства

 |  инфодеск  | 

Финансиската криза влијае на бројот на психичките пореметувања, поради тоа здравствените и социјалните трошоци во Словенија достигнале сума од 600 милиони евра годишно, предупредија словенечките психијатри на конгресот во Љубљана.

“Економската криза влијае на порастот на психичките пореметувања која погодува една петина од популацијата и последните години предизвикале 2,4 милијарди евра трошоци, а се зголемуваат и случаите на самоубиства”,  изјавил за агенцијата ЅТА претседателот на здружението на словенечките психијатри Петер Прегељ и додава дека за лечење на психичките проблеми за време на криза се издвојуваат премалку средства.

Спрема податоците на бројни истражувања, во време на криза се зголемува бројот на депресивните психички пречки, а економската криза довела до зголемување на самоубиствата, предупредија словенечките експерти на конгресот на Светскиот психијатриски сојуз во Љубљана.

“Значаен фактор кај самоубиственото однесување е стресот кој го предизвикува околината, а минатогодишното истражување покажало дека повеќе самоубиства има во регионите со поголема стапка на невработеност”, рекол Прегељ.

На влошување на психичкото здравје, спрема неговите зборови, влијаат и оптеретувањата како што се фамилијарните несреќи, долготрајна невработеност и можноста за губење на работата, а додатно влијаат наследниот фактор и алкохолизмот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top