Крај за тајните швајцарски сметки

Европскиот парламент ќе гласа за договорот со Швајцарија

 |  инфодеск  | 

Европскиот парламент на пленарна седница вчера расправаше за договорот со Швајцарија со кој се отежнува криењето на кеш пари во швајцарските банки, а притоа се случува избегнување на плаќање данок во земјите од каде потекнуваат. Гласањето за овој предлог по распоредот е предвидено за денес.

Европската Унија и Швајцарија меѓусебно се обврзале на размена на податоци за банкарските сметки кои би требало да се транспарентни од почетокот на 2018 година. Договорот е постигнат кон крајот на мај оваа година со цел да се сузбијат финансиските измами и затајување на даноци. Информациите кои двете страни ги договориле велат дека договорот ги вклучува и приходите од камати и дивиденди, но и билансите од добивката при продажба на имот.

Проследените финансиски податоци ќе се користат како подлога за даночните власти од 28 членки на ЕУ, но и Швајцарија, за проверка дали нивните граѓани со криење на депозитите избегнуваат плаќање на данок. Даночните власти ќе бидат во можност точно да го идентификуваат клиентот на банката, да ги применат своите закони во прекуграничните ситуации, да ја оценат веројатноста дека се случило затајување и да ги избегнат понатамошните непотребни истраги.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top