Една од најголемите менувачници во светот, платформата за тргување Maunt Goks од Токио, поднела барање за стечај. Нејзиниот директор Марк Карпел рекол дека исчезнале околу 850.000 биткоини (bitcoins) кои вредат неколку стотици милиони долари. Карпел рекол дека поради слабост во системот на неговата компанија изгубени се околу 750.000 биткоин корисници и околу 100.000 Маунт Гоксови биткоини, што вкупно вредат 425 милиони долари.
Засега не е познато дали биткоините од Маунт Гокс се украдени или исчезнале поради технолошки недостаток, но во секој случај тоа нема да му помогне на биткоинот. Имено оваа валута наводно беше криптографски најзаштитена од фалсификување и кражба.
“Жал ми е за проблемите кои сум ги нанесол на луѓето”, рекол французинот Карпел пред судот во Токио.
Неколку часа пред поднесување на барањето за стечај, јапонскиот министер за финансии Таро Асо рекол дека крахот на биткоинот е неизбежен.
Биткоинот настанал 2009 година и стана популарен помеѓу фанатичните љубители на технологијата и авантуристите меѓу инвеститорите, затоа што валутата овозможуваше непосредни трансакции, плаќање на стоки и услуги и размена на пари без банки, кредитни картички и други трети страни. Од исти причини и криминалците почнале да го користат биткоинот.
Поради комплицираната технологија, тешко е да се одреди колку луѓе на светот поседуваат биткоини, а таа валута почнала да привлекува внимание на медиумите бидејќи и големите продавачи почнале да примаат биткоини.
Во декември вредноста на биткоинот достигнал рекордна вредност од 1.200 долари, а по пропаста на Маунт Гокс, но и други проблеми оваа година, биткоинот вреди околу 500 долари
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град